понеделник, 21 октомври 2024
По хаосот во Скопје со ѓубрето надлежните се разбудија

Центар ќе чисти и втора смена, во Дебар предупредување за граѓаните што фрлаат градежен шут

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска за МРТВ рече дека хигиеничари во Центар остануваат да чистат и во втора смена.

Сѐ уште се на терен нашите служби. Слушнавме дека во текот на денот е постигнат договор со вработените од ЈП „Комунална хигиена“ и верувам дека и тие ќе се вклучат на терен за да оваа ситуација се стабилизира. Денеска имавме итна седница за развој на скопскиот плански регион каде што заедно со моите колеги градоначалници од Градот Скопје разговаравме за ситуацијата и акциите за чистење кои сами ги организиравме. Нашите хигиеничари во Центар остануваат да чистат и во втора смена за што им упатувам искрена благодарност“, рече Герасимовски.

Тој додаде дека во Општина Центар покрај собирањето смет, комуналните служби под силен млаз од цистерната на ЈП ПОЦ го миеле и просторот околу контејнерите од каде се ширела силна и непријатна миризба.

Јавното комунално претпријатие Стандард од Дебар  остро реагираше на несовесноста на дел од граѓаните во однос на фрлањето отпад на несоодветно место.

„Ова е срам, мизерија, како инаку да се изразиме гледајќи го ниското ниво на свест кај некои луѓе во градот. Реагираме за да ја покажеме тешкотијата со која секој ден се соочуваат нашите екипи при извршување на својата задача“, велат од управата на претпријатието. 

Апелираат да се почитува нивната работа и ѓубрето да се фрла на одреденото место за тоа.

„Сакаме уште еднаш да предупредиме дека со фрлање градежен отпад или други тврди предмети се предизвикува голема штета на нашата механизација за регулирање на оштетените делови потребни се дополнителни средства“, додаваат од управата.

Ги повикуваат надлежните органи да преземат мерки со изрекување заслужни казни.

„Не е никаква новина отпад да се фрла каде што ќе се стигне, но последниот ја прелеа чашата. Секојдневно нашите работници го подигаат сметот од контејнерите а редовно ги чистиме и дивите депонии, но за жал тие никнуваат како печурки по дожд. Несовесноста се гледа и во фактот што и покрај празни контејнери отпад се фрла до нив“, револтирано посочуваат од ЈКП Стандард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ