сабота, 27 јули 2024

Цената на златото го достигнува историскиот максимум

Објавено на

часот

Сподели

Калифорниската банка Силикон вели и њујоршката Сигначур бенк банкротираа во март. Тогаш дојде на ред европската банка Креди Свис, која беше блиску до колапс, но ја спаси УБС банката. По тие настани во март, загриженоста околу продолжување на кризата беше ублажена. Меѓутоа минатата недела повторно се разбудија стравувањата од продолжување на банкарската криза по веста дека Фирст рипаблик банката најавила банкрот и дека ќе ја преземе Џеј Пи Морган, и дека уште неколку банки се во опасност од банкрот. Регионалната банка Паквест банкор изгуби 70 отсто од својата вредност во последните 5 работни дена.

Пазарите се разнишани од загриженоста за ова „повторно будење“ на финансиската криза во банкарскиот сектор што како последица предизвика префрлање на средствата на инвеститорите во злато.

Повеќето трговци се сложуваат дека банкарската криза е факторот кој ги турка цените на златото кон рекордни висини, а се чини дека кризата во овој момент е далеку од крајот. Цитигруп во следните месеци очекува цената на златото да достигне 2.300 долари, па дури и 2.600 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ