сабота, 27 јули 2024
Мора да се балансираат сметките

Цел тим на Барселона е на продажба, недопирливи се само тројца

Весникот Спорт објави дека на Кам Ноу само тројца фудбалери се недопирливи, сите останати можат да бидат продадени доколку пристигне примамлива понуда.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона е во лоша финансиска состојба, па клубот ќе треба да ги балансира сметките со продажба на фудбалери.

И како што пишува Спорт, на продажба е целиот тим, недопирливи се само три имиња.

Весникот објави дека Роналд Араухо, Педри и Гави се идентификувани како фудбалерите кои треба да ја предводат Барселона во следните години, па без разлика какви понуди ќе пристигнат, веднаш ќе бидат одбиени.

Но за сите останати, приказната е сосема поинаква, доколку пристигне примамлива понуда, ќе се седне на маса и ќе се разговара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ