сабота, 27 јули 2024

Царините на Македонија и Србија договорија дигитализација на постапките

Објавено на

часот

Сподели

„Наш приоритет е максимално забрзување на протокот на стоки, а во исто време да се зголемат напорите за побрза дигитализација што ќе значи уште побрз трансфер. Како земја вложуваме многу во дигитализацијата на царината и тоа веќе дава резултати во нашата поголема функционалност”, изјавила на средбата директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

На средбата на претставниците на царините присуствувале и претставници министерствата за финансии на двете земја и биле презентирани информатичките системи што се користат во царинското работење – Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, Интегрираната тарифна околима – ТАРИМ и нивниот развој во насока на воспоставување на интерконективност и интероперабилност со системите на Европска Унија.

На средбата, како што информираат од Царинската управа, станало збор и за регионалната интеграција и електронска размена на прекуграничните документи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ