сабота, 27 јули 2024

Цариниците на скопскиот аеродром фатија странски државјанин со 90 илјади евра

Објавено на

часот

Сподели

Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола.

При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење.

Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ