Кучето од расата лабрадор (црвена лисица), како што информираат од Царина, успешно ја завршило специјализираната обука за откривање на пари, дрога и оружје.
Директорот на Царинската управа Стефан Богоев изразил благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка за досегашната поддршка и истакнал дека Царинската управа е подготвена за понатамошно интензивирање на соработката во овој домен бидејќи благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат и резултатите при спречување на шверц и недозволена трговија.
„Сузбивањето на организираниот криминал и сивата економија е еден од клучните приоритети на Царинската управа. Во оваа борба царинските кучиња се од особена важност и успешно се користат при спречувањето на нелегален транспорт на наркотици, оружје и пари“, се наведува во соопштението од Царинската управа.