сабота, 27 јули 2024

Царината од воздух со дронови ќе спречува шверц

Тим на Царинската управа бил на обука во Обединетото Кралство за ракување со дронови со цел и на посовремен и поефикасен начин да се спречува шверцот. Царината дроновите ќе ги добие како донација.

Објавено на

часот

Сподели

Двата клучни сектори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминалСекторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки, ќе се зајакнат со дронови, што е од големо значење за зголемување на ефикасноста на институцијата, превентивно делување, како и обезбедување докази и зајакнување на истрагите што ќе води кон сузбивање на организираниот криминал, велат од Царинската управа.

„Поголемата видливост од воздух е многу важна во делот на справување со предизвиците со коишто се соочуваат царинските инспектори при откривање и спречување на нелегални активности. Методите за криумчарење постојано се усовршуваат, што соодветно бара зголемување на ефикасноста на двата клучни сектори за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата“, рече директорот Стефан Богоев на денешниот настан во рамки на кој тимови од Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни беа обучувани за ракување со опремата, a на кој присуствуваше и заменик директорот Муарем Асани.

д

Беспилотните летала овозможуваат поголема видливост како во текот на денот така и во текот на ноќта, како и фотографирање од далечина со висока резолуција. Ова е од голема корист при вршење на специјалните задачи поврзани со откривање организиран криминал и корупција, се додава во сооптението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ