петок, 26 јули 2024

Царина заплени 1.150 боци со неколку типа на фреон

Објавено на

часот

Сподели

При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1.150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони.

„Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.

Стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело Недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ