сабота, 27 јули 2024
Инвеститорот на објектот Космос со тврдење

Цаноски: Судијата Ристов сака да го застари предметот ТНТ и да ја загубам отштетата од 11 милиони евра

Фијат Цаноски, сопственикот на фирмата Фине Скопје, инвеститорот на објектот „Космос“ кој беше урнат во минатата деценија по што Специјалното јавно обвинителство отвори предмет со име ТНТ, денеска на прес-конференција излезе со тврдење дека апелацискиот судија Ѓоко Ристов има за цел предметот пред Апелацискиот суд намерно да застари, а тој да ја загуби отштетата од 11 милиони евра, пресудена на првостепен суд. Цаноски се сомнева дека во овој случај е поврзан Никола Груевски кој има интерес предметот во кој тој е осуден да застари и тој да се спаси според одредбите од новиот Кривичен законик.

Објавено на

часот

Сподели

Објектот „Космос“ се изгради повторно со нови вложувања, останав со верба и доверба во судството на оваа држава дека за предметот ТНТ ќе се донесе правна и праведна одлука, рече бизнисменот Цаноски и додаде:

„Сепак, она што се случува деновиве во јавноста е тоа дека судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов наместо да постапи согласно одредите од ЗКП за предметот да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за утре, 6 ноември сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи тогаш советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и Фине засекогаш да остане без својата оштета од 11 милиони евра“.

д

За овој преседан, како што се изрази Цаноски, кој излегува од границите на Законот за кривична постапка (ЗКП), на прес – конференцијата беа изнесени, како што беше речено, факти за правната процедура на предметот и за, како што беше нагласено, намерните одложуања во постапувањето, раздолжување на предметот во жалбена постапка, непостапување со достава на предметот до Основниот кривичен суд за исправка на грешка на пресудата. Грешката, рече, некој намерно ја сторил, како и незакажување на термин за советување и носење на пресуда на Советот.

На прес-конференцијата на медиумите им беше поделена, како што беше речено, правна анализа за дејствијата во овој предмет која ја содржи „вистината за ТНТ“.

Целта на прес – конференцијата, како што беше кажано, е да се укаже на она што е очигледно дека некој се обидува преку сите можни механизми да го застари предметот иако правните механизми предвидуваат само едно – закажување на интерен термин за советување и гласање на Советот кој постапува по овој предмет и донесување на одлука со датум од 8 мај 2023 година.

д

Компанијата Фине ќе поднесе кривични пријави за сите лица за кои се сомнева дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена должност по член 353 од Кривичниот законик.

Што и да се случи утре на ново закажаната јавна седница за ТНТ, нема да престанеме да ја бараме правдата пред сите домашни и странски институции, најави бизнисменот Цаноски и додаде дека ако се случи лошото сценарио дека директно од конкретниот судија ќе бара да му ислати точно 11,2 милиони евра.

„Знаеме дека правдата е слепа. Свесни сме дека станува збор за организиран криминал со цел да застари предметот. Но, доколку тоа се случи, во што искрено не сакаме да веруваме, ние ќе се обратиме со сите институции, амбасади и надлежни институции“, истакна Фијат Цаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ