сабота, 27 јули 2024
Претседателката на работната група најавува

Цаца Николовска: Прво да го усвоиме деловникот, а потоа ќе работиме на суштината на прашањето за уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

„Деловникот е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден, два дена многу работи да се завршат. Одиме постепено, рече Цаца Николовска.

Таа посочи дека никој нема поставено рокови по однос на нивната работа. 

„Откога ќе почнеме да работиме на суштината на проблемот, откога ќе почнеме да ги разгледуваме можностите за Нацрт-предлогот за иницијатива за промена на Уставот, тогаш ќе можеме малку повеќе да зборуваме и за рокови. Меѓутоа, можам да ве уверам дека сите ние сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа. И во таа насока откога ќе почнеме и да работиме на суштинската расправа ќе добивате информации и транспарентноста ќе биде застапена без каков било проблем“, рече Цаца Николовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ