сабота, 27 јули 2024
Претседателката на работнатга група за уставни измени со кизјава

Цаца Николовска го демантира Мицкоски: Апсолутно не се работи на редефинирање на државата

Објавено на

часот

Сподели

Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.

„Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот.  Не знам од каде ги црпат своите тврдења одредени личности кои сакаат такво нешто да прикажат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата работна група сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме“, рече Цаца Николовска, во видео гостување на порталот Слободен печат.

На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да ѝ биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

„Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран“, нагласи Цаца Николовска.

Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ…“ би се проширил со набројување на делови на други народи.

Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ