Митрески имаше обраќање на специјалната седница на Врховната рада на Украина, информира собраниската прес-служба., во кое уште нагласил дека граѓаните на Македонија се, и остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна.
Митрески изразил цврсто уверување дека, како и досега низ историјата, демократските вредности ќе ја победат агресијата, а соработката ќе се насочи кон разговори за подобар животен стандард, просперитет и развој, културна соработка и размена, се вели во соопштениет.
Спикерот Митрески потенцирал дека денеска се собрани во Киев за да испратат пораки за мир, разбирање, толеранција и почитување на другиот, но и порака на обединетост на демократскиот свет во поддршката за Украина.
„Во исто време да испратиме исто толку силна порака дека демократскиот свет е обединет во поддршката на Украина во борбата за правда, одбрана на нејзината територија и одбрана од империјалните апетити на нејзиниот сосед“, истакнал Митрески.
Тој оценил дека руската агресија врз Украина е предупредување за сите дека мирот, независноста и слободата не треба да се земаат здраво за готово.
„Но, сето ова зло, сета оваа неправда, не го уништи духот на Украина, не ја уништи волјата на храбриот украински народ да се спротивстави на оваа агресија и да се бори за територијалниот суверенитет на сопствената држава и за сопствената независна и слободна иднина“, додал Митрески, стои во соопштението.