сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Во Виница истекол хлор во филтер-станица, вработените на кислород

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера пожарникарите од Виница интервенирале во филтер-станица откако пукнала боца со хлор од 50 килограми.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 8 до 11 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас“, соопшти ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ