сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Спасена туристка од Австрија повредена при слободно скијање на Попова Шапка

Туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста Орлов камен на Попова Шапка добила сериозни повреди на ребрата и не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница. Хеликоптерската единица на МВР одговорила веднаш на барањето на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Објавено на

часот

Сподели

Кога спасителите пристигнале повредената Австријка ги информирала дека претходно имала операција на р’бетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови. Повредената Австријка безбедно е пренесена во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ