
ЦУК: Спасена туристка од Австрија повредена при слободно скијање на Попова Шапка
Туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста Орлов камен на Попова Шапка добила сериозни повреди на ребрата и не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница. Хеликоптерската единица на МВР одговорила веднаш на барањето на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Објавено на
часот
Сподели
