сабота, 27 јули 2024

ЦУК со иницијатива до Град Скопје за пешачки премин или кружен тек на булеварот Србија (ВИДЕО)

Од согледаните потреби на граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот за управување со кризи упати барање до Град Скопје за најбрзо што може да се уреди еден пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир. Од ЦУК сметаат дека пешачки премин нема да го реши најдобро проблемот, но за тоа ги повикуваат стручните лица од сообраќајната област тоа да го решат.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов за ова сними и видео изјави во непосредна близина на булеварот Србија, пред новоотворениот Џевахир Мол, којшто е дел од комплексот Скај сити, што е составен од четири облакодери.
Ангелов изрази и благодарност до градот Скопје за брзите реакции на нивните досегашни укажувања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ