четврток, 30 мај 2024

ЦУК: Се запре Црна Река за да се спаси овчар со овците заглавен на островче

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека по 22 часот, откако во два наврати беше запрен протокот на вода во Црна Река од браната Тиквеш, и доволно се намали водостојот, заглавениот овчар со стотина овци среде реката на мало островче, поминал на брегот и е веќе на безбедно место.

Фото: Википедија - Црна Река

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи информира дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација во 17.32 часот доби информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче, на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД ЕЛЕМ“ ПО ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш. ЦУК презел координативни активности за да се запре протокот на вода од акумулација Тиквеш и да се намали нивото на реката.

„Од ЦУК веднаш беа известени сите субјекти, Системот за управување со кризи (СУК), а водата од страна на АД „ЕЛЕМ“ (Брана Тиквеш) беше времено запрена во 18 часот, при што овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. ЦУК континуирано комуницираше со овчарот, којшто при контактот во 20.19 часот извести дека водата, не само што не се намалува, туку дека нејзиното ниво се зголемува. На тоа веднаш ЦУК реагираше до АД ЕЛЕМ, коишто известија дека при извршување на смената не си ја пренеле информацијата дека случајот не е завршен, па повторно ја пуштиле водата. Во 20.25 од страна на АД ЕЛЕМ веднаш беше запрена водата од браната.

При ваков случај било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата.
Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена прати екипа“, се вели во информацијата на ЦУК, која малку подоцна е проширена со веста дека во 22.10 часот овчарот со овците заминале на безбеден терен и се спасени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ