сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Се чека гаснење од воздух на пожарот во велешкиот крај

Од вчера гори шума над селото .Мелница, кај месноста Ливаѓе во велешко, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и велат дека поради непристапноста на теренот можно е денеска да се гаси огнот од воздух. Инаку, во последното деноноќие гореле 38 пожари на отворено низ цела Македонија.

Фото: Вибер - ЦУК

Објавено на

часот

Сподели

„Регионалниот ЦУК Велес, известува дека од ЈП Национални шуми – подружница Бабуна од Велес е добиено известување дека пожарот е на непристапен терен и дека е можно во текот на денешниот ден да се побара и подршка од воздух“, информираат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено.

ЦУК исто така апелира појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ