сабота, 25 мај 2024

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво, храна, зимска опрема и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.

Фото: РСБСП

Објавено на

часот

Сподели

ЦУК во утринскиот извештај за медиумите наведува и информации од друг вид.

„Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот“, информираат од ЦУК.

Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани.

„ЦУК издвојува два коишто се навидум наивни, ги има секојдневно, а се потенцијална опасност за палење поткровја и околни објекти. Тоа се пожарите на оџаци. Регионалниот ЦУК – Охрид информира дека пожарникари, вчера од 13.05 до 14 часот, со тројца пожарникари и едно ПП возило гаснеле запален оџак на улицата 8-ми Септември број 26, а РЦУК – Велес соопштува дека вчера од 8 до 9 часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот“, наведуваат од ЦУК.

Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно да се чистат поредовно, се нагласува во соопштението на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ