„Пожарот е настанат од стрниште. Последниот период гори тrска и останата вегетација, дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гасењето на пожарот. На терен се екипи на противпожарните служби од Струмица, Радовиш, Валандово и Богданци“, информираше Ангелов.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на фејсбук напиша дека пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница.
Голем пожар попладнево избувна кај Струмица во реонот помеѓу населбата Софилар, градските гробишта па сѐ до селото Баница одалечено два километри од градот.