сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Не стојте на отворен простор и под осамени дрвја, можни се силни грмотевици и ветер

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на временската прогноза од УХМР, која предвидува невреме, грмотевици и силен ветер за попладневните и вечерните часови, упати предупредување: „Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, предупредува ЦУК.

„Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.
За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд“, се вели во информацијата на ЦУК базирана на прогнозата на УХМР.

ЦУК советува да не се стои под осамени дрвја, да не се оди на отворен простор, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а на возачите им препорачува внимателно и побавно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ