сабота, 27 јули 2024

ЦУК му јави на градоначалникот на Ранковце дека неисчистената Крива Река ќе поплави куќи

Центарот за управување со кризи го алармирал градоначалникот на Ранковце дека поради насобрани гранки и ѓубре кај еден мост постои опасност надојдената Крива Река да поплави куќи. Ветено дека ќе се чисти коритото на реката.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера на бројот 112 во ЦУК е добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во селото Опила во Општина Ранковце има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода, и од зголемен водостој на речното корито на Крива река постои опасност да поплави домови што се во близина на речното корито. Од ЦУК се известени градоначалникот и контакт лицата од Општина Ранковце за настаната состојба. Повратно од Општина Ранковце известија дека во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат насобраните гранки од мостот“, информираат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ