сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Кај Вешала гори букова шума, побарана е воздушна поддршка за гаснење на пожарот

Пожарот над селото Вешала, Тетово, сè уште е активен. Од утрово зафатена е и букова шума.  Десет ренџери на Националниот парк Шар планина од Тетово се на терен. Центарот за управување со кризи бара активирање на ер тракторите на ДЗС или хеликоптерите на МВР за гаснење на пожарот.

Објавено на

часот

Сподели

Преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ