петок, 26 јули 2024

ЦУК: Имале дефект со возилото на Царев Врв, безбедно се евакуирани лицата

Центарот за управување со кризи информира дека неколку лица побарале помош преку бројот 112 откако им се расипало возилото враќајќи се од Царев Врв на Осоговските Планини. Тие се евакуирани од планината.

Фото: Царев Врв - Википедија.мк

Објавено на

часот

Сподели

„Во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК беше известен дека неколку лица враќајќи се од настан на Царев Вр“ на Осоговски Планини имале дефект на возилото и побарале помош. Даден е совет лицата да се јават на бројот 112 за да се утврди нивната локација. Откако се лоцирани, лицата се пронајдени во добра состојба и со возило на друштвото ‘Осогово’ се вратени во викенд населба Пониква. Нивното возило заради дефект е оставено на местото каде се најдени и дополнително ќе го преземат сопствениците“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ