понеделник, 28 октомври 2024

ЦУК: Два активни пожари, под контрола е пожарот на Галичица

Вчера имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два и изгаснати се 21, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активен е пожарот на планината Мукос, во атарот на селото Степанци, Општина Чашка, каде гори мешана шума.
Во Општина Студеничани, кај селото Црвена Вода гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Под контрола се пожарите кај селото Цер, Општина Кичево и на планината Галичица кај местото викано Зли Дол, Општина Охрид.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ