Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информирал дека е зголемен бројот на пријави за појава на змии во урбаните средини и дека тоа налага превентивно да се реагира од соодветните државни структури.
„Претставниците од Зоолошката градина Скопје информираа дека доброволно во рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии и тоа го прават за доброто на граѓаните, при што посочија дека корисно би било на идната координативна средба да се викнат претставници и од невладиниот сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за да направат стручна експертиза. Напоменаа и дека во Град Скопје нема за сега случаи на опасно каснати и отруени или починати лица од отровни змии, што е пак., во домен на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје“, информираат од ЦУК.
На средбата станало збор и за работите коишто се, како и во другите современи земји, поврзани со лиценци или дозвола за заловување на примероци од див свет, како се заловува дивото животно, а и начин и места каде што потоа живо и безбедно се пушта на слобода во природата или друго одредено место, согласно специфични случаи, наведуваат од ЦУК.
„Тоа се прашања од сферата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за животна средина и просторно планирање, коишто, според информациите, во буџетот треба да издвојува финансиски средства за обука, за теренска акција и секако едукација за справување и запознавање на диви животни“, велат од ЦУК.