четврток, 31 октомври 2024

ЦУК: Алармантен е бројот на пожарите, апел до граѓаните да внимаваат, 9 активни пожари

Бројот на пожари што секој ден ја зафаќаат територијата на Македонија е алармантен. Уште еднаш апелираме до граѓаните за исклучително внимателно однесување за да не се предизвикуваат пожари на отворено. Вчера се изгаснати 25 пожари, девет се активни, а шест се под контрола, информираше пред малку Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Најголем и тежок за гаснење е пожарот кас селото Тажево и Брезница, Македони Брод. Селото Тажево е веќе изгорено, а пожарот веќе навлезе на територијата на ловиштето Јасен. Таму се ангажирани многу ресурси, 46 пожарникари од Унгарија со специјална опрема, вработени во Национални шуми, пожарникари… Се делува и од воздух со еден унгарски хеликоптер. Направени се противпожарни појаси и засега нема опасност од ширење на пожарот кон викенд населбата.

Вториот пожар кој се провлекува со денови е пожарот на Илинска Планина каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и борова шума. Тука беа користени ер-тракторите и хеликоптери, но големиот чад го отежнува манипулирањето на воздухопловите.

Ер-тракторите (2) кои утрово пристигнаа од Кипар веќе се на терен на пожарот кај Папрадиште, Општина Чашка.

Пожарот на територијата на Општина Петровец вчера предзвика силна вознемиреност кај граѓаните од викенд населбата над Катланосва бања. И тука се делува со ер-трактори.

Ниска вегетација гори и кај Студеничани, село Црвена Вода.

Вчера неколку хеликоптери спречија проширување на пожарот кај село Челопеци кон некои армиски објекти кај Кичево. Денеска тука делуваат два ер-трактори од Германија.

Два ер-трактори се ангажирани и во гаснењето на пожарот кај Косоврасти, кој се шири кон селото Рајчица, Општина Дебар. Се работи за уште еден тежок шумски пожар на тешко пристапен терен.

Пожарот на Галичица се проширил на македонска страна од албанска страна. Тука делува полицискиот хеликоптер и ренџерите од НП Галичица.

Шест пожари се под контрола, во Гевгелија, Зајас – Кичево, Панаѓур – Кочани, Пласница, депонија Делчево…

Од вчерашните 25 пожари, 11 се изгаснати на територијата на Град Скопје.

Од странската помош на терен се тимот од 46 пожарникари од Унгарија, по два ер-трактора од Германија и Кипар и еден хеликоптер од Унгарија. Српскиот хеликоптер мораше да замине поради проширување на пожарите во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ