понеделник, 16 септември 2024

ЦУК: Активни се шест пожари

На територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола е еден и изгаснати се 27, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активен е големиот пожарот во Мариово каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. Не стивнува ни пожарот на планината Мукос, Општина Чашка.
Нискостеблеста шума гори канБрезница, Општина Петровец.
Во селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, на полигон Криволак, Општин Штип, гори нискостеблеста шума, смреки и сува трева. И пожарот кај селото Танушевски, Општина Чучер-Сандево, е се уште активен. Кај селото Десово, Општина Долнени, гори сува трева и мешана шума.
Под контрола е пожарот на депонијата кај Крушево.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ