понеделник, 28 октомври 2024

ЦУК: Активни се два пожари, еден е пак на Галичица

На територијата на Македонија вчера имаше 24 пожари на отворен простор, од кои денеска активни се два. Изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите на Галичица, кај селата Стење и Лескоец, на територијата на Општина Ресен. Тука годи лисната постелка во букова шума и сува трева. Кај Општина Чашка, на планината Мукос гори шума.
Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина, над селото Вирово каде што гори ниска вегетација и сува трева.
Изгансати се пожарите на териториите на општините Сарај, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Илинден, Шуто Оризари, Арачиново, Васиелево, Босилово, Ресен, Тетово, Гостивар, Врапчиште, Долнени, Виница, Липково, Куманово и Македонски Брод,
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ