сабота, 27 јули 2024

Црвената полумесечина: Повеќе од 15.000 деца се убиени во израелските напади на Газа

Палестинската канцеларија на Црвената полумесечина соопшти денес дека повеќе од 15.000 деца се убиени од почетокот на израелската војна во Појасот Газа, во октомври минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, Обединетите нации соопштија дека најмалку 600.000 Палестинци избегале од Рафа во јужна Газа од почетокот на израелската копнена офанзива на овој град. Израелската војска мобилизирала повеќе војници за да ги прошири борбите во таа област.

Војската фрлила летоци во западните области на Рафа, повикувајќи ги Палестинците да помогнат во потрагата по израелските заробеници. Светската програма за храна на ОН соопшти дека во јужниот дел на Рафа завршиле залихите, а дека дистрибуцијата е сопрена на 11 мај поради затворањето на граничниот премин Рафа со Египет и ограниченото добивање намирници преку преминот Керем Шалом од Израел во Газа.

Во Рафа во моментов се наоѓаа повеќе од милион Палестинци кои избегаа од воените дејства на израелските сили во другите делови на енклавата.

Според податоците на палестинските власти, од 7 октомври во израелските напади на Газа се убиени повеќе од 35.000 луѓе, додека израелските сили убиле над 500 Палестинци на окупираниот Западен брег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ