вторник, 24 септември 2024

Црвена звезда запиша историска победа над Партизан, па настрадаа играчите и тренерот на „црно-белите“ (ВИДЕО)

Црвена звезда со 0-4 славеше на гостувањето кај Партизан и ја забележа најголемата победа над вечниот ривал на гостувањата во „Хумска“, па домашните навивачи бесот го истурија врз фудбалерите и стручниот штаб.

Објавено на

часот

Сподели

Во последнито натпревар во 9. коло во најсилното првенство на Србија, Црвена звезда ја доби пресметката со Партизан.

Актуелниот шампион, со помош на хет-трикот на Ндиаје стигна до историска победа од 0-4, односно најголемиот триумф на гостувањата во „Хумска“.

Домашните навивачи тешко го поднесоа поразот, па по последниот свиреж на судијата, оние најжестоките ја искршиле соблекувалната.

Во инцидентот настрадале неколку играчи и тренерот Александар Станојевиќ, кој на пресот се појави со фластер над окото и преку носот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ