сабота, 27 јули 2024

Црвена звезда и Партизан добија покани за настап во Евролигата

Евролигата одлучи и трета сезона по ред да им испрати покана на двата српски клуба, Црвена звезда и Партизан, постои само еден услов кои тие треба да го исполнат, а се верува дека ќе го направат тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Поканата од Евролигата стигна во Белград, а условот за да учествуваат е да платат по милион евра.

750.000 евра од тие се за специјалната покана која ја добиваат, а 250.000 евра се трошоци за судиите во текот на сезоната.

Црвена звезда и Партизан од поодамна знаеа за сумата која ќе треба да ја платат, па се верува дека условите се прифатливи за нив и двата тима ќе го продолжат учеството во Евролигата.

Досега се знае дека следната сезона во Евролигата ќе играат Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатенаикос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Асвел, Париз, Монако, Макаби, Жалгирис, Баерн и Милано, остауваат уште четири места, две од нив треба да пополнат Звезда и Партизан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ