Српскиот шампион со негатива од 2-1 го почна мечот, но успеа да дојде до резултатот кој го посакуваше.
Бруно Дуарте во 26. минута погоди за водство од 1-0, а Спајиќ по 15 минути игра во вториот дел ги постави конечните 2-0.
Динамо Загреб поведе со гол на Пјаца во 32. минута, а во 53. минута Силва си постигна автогол за триумф од 2-0.
Место во ЛШ денеска обезбеди и Лил кој загуби од Славија во Прага со 2-1, но во Франција славеше со 2-0.
Понатаму оди и Слован Братислава кој го совлада Митјиланд со 3-2, мечот во Данска заврши 1-1.