„На соочувањето на претседателските кандидати главните теми беа Србија, претседателот на Србија и потребата Србија, па и Црна Гора, да се „превоспитаат“. На Србија ѝ бараат 12.000 километри територија, а нам ни поставија 13 барања. Меѓу нив бараат да им ја предадеме Превлака, односно Хрватска да добие контрола над морскиот дел на Бококоторскиот залив, бидејќи сметаат дека е нивен. Бараат и да им го дадеме бродот Јадран и да ги процесираме воените злосторници чии имиња тие ќе ни ги дадат и потоа да ги предадеме“, кажа Кнежевиќ.
„Значи имаме 13 барања, а тие велат дека допрва почнале со барањата“, додаде црногорскиот политичар.
Истакна дека во Европа има 41 граничен спор, од кои Хрватска има четири.
„Замислете во соседството да имате сосед со кого никој не разговара, постојано ви се заканува со некаква катастрофа, полиција… И никако не можете со тие луѓе да постигнете договор, бидејќи тврдат дека имаат право на вашиот имот“, кажа Кнежевиќ.