вторник, 22 октомври 2024

Црногорски медиуми: Хрватска одбива да школува црногорски војници

Хрватска го одбила црногорското барање за школување на неколку војници, пренесуваат црногорските медиуми, кои овој потег го толкуваат како одговор на неодамнешното усвојување на резолуцијата за Јасеновац. Подгоричка Побједа пренесува дека хрватското министерство за одбрана потврдило дека ја одбило молбата на двајца кадети на Војската на Врна Гора да ги прими на школување во Хрватскиот воен универзитет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Црногорското радио Антена М објави претходно неофицијална информација дека покрај одбивање на приемот на двајцата кадети не е прифатени ни барањето на црногорското министерство за одбрана за упис на еден кандидат од црногорската војска во Хрватската воена школа.

„Министерството за одбрана донесе таква одлука, а за идната соработка во таа област ќе ве известиме кога за тоа ќе дојде време“, ѝ порачало на Побједа хрватското министерство за одбрана.

Медиумите тоа го толкуваат како уште еден потег на Хрватска како одговор на неодамнешното усвојување на Резолуцијата за Јасеновац во црногорскиот парламент. Загреб ги прогласи за непожелни личности претседателот на црногорскиот парламент Андрија Мандиќ, потпретседателот на владата Алекса Бечиќ и пратеникот Милан Кнежевиќ.

Во Црна Гора се шпекулира и дека Хрватска во ЕУ ги блокира средствата за Црна Гора наменети за модернизација на војската преку Европската мировна програма.

Црногорскиот парламент на крајот на јули усвои резолуција со која се осудува геноцидот извршен во логорите Јасеновац, Матхаузен и Дахау. Хрватска остро реагираше, испраќајќи протестна нота до Подгорица и предупреди дека таквите одлуки можат да го загрозат нејзиниот европски пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ