петок, 18 октомври 2024

Црногорците сè помалку го сакаат НАТО: вртоглаво паѓа поддршката за воениот пакт

За излегување на Црна Гора од НАТО би гласале 44 отсто црногорски граѓани, додека за останување на земјата во воениот сојуз би гласале 46 отсто од граѓаните на Црна Гора, покажува најновиот извештај на НАТО за 2023 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во споредба со извештајот од минатата година, бројот на оние кои би го напуштиле НАТО пораснал за 12 отсто, а бројот на поддржувачи паднал за два отсто.

Податоците од извештајот покажуваат дека повеќето граѓани на земјите членки на Алијансата би гласале нивната земја да остане членка на НАТО на референдум (66 отсто), што е пад во однос на истиот период минатата година, кога останувањето во сојузот го поддржувале 70 отсто од граѓаните на членките. За еден отсто пораснал бројот на оние кои би го напуштиле воениот пакт, па сега 12 отсто сметаат дека нивната земја треба да го напушти сојузот.

На прашањето дали би гласале за или против членството на вашата земја во НАТО, 46 отсто анкетирани граѓани во Црна Гора кажале дека би гласале земјата да остане во сојузот, додека 44 би гласале за напуштање. Десет отсто одговориле дека не знаат.

Дека НАТО ја намалува можноста странска нација да ја нападне Црна Гора сметаат 46 отсто анкетирани во земјата, додека 33 сметаат дека не е така. И овие податоци укажуваат на промена во однос на минатата година, кога на првото прашање потврдно одговориле 55 отсто од анкетираните, а негативно 31 отсто.

Според последниот извештај, Црна Гора во 2023 година за одбраната издвоила 106 милиони евра, што е 24 милиони евра повеќе од претходната година. Од оваа година Црна Гора за одбрана издвојува два отсто од БДП, што е барањето на Алијансата. Извештајот покажува дека Црна Гора за одбраната троши по 128 долари по глава на жител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ