недела, 19 мај 2024

Црна Гора предлага два амандмани на резолуцијата за Сребреница

Црна Гора со посредување на Соединетите Американски Држави ќе предаде два амандмани на германската резолуција за Сребреница со цел постигнување што подобри односи и смирување на политичките тензии во регионот, пренесува РТЦГ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што неофицијално е потврдено од владата, со амандманите е предвидено индивидуализирање на вината за злосторството во Сребреница, но и инсистирање на стриктно почитување на Дејтонскиот договор.

Во првиот амандман се наведува дека „вината за злосторството на геноцид е индивидуализирана, и не може да се припише на која било етничка, верска или друга група или заедница во целина“, а во вториот: „потврдувајќи ја неповредливоста на општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина во сите негови одредби“.

Со тие амандмани, како што смета црногорската влада, се спречува секое потенцијално манипулирање на штета на Србија и српскиот народ во смисла на какви било правни и политички последици и оневозможува наратив или намера еден народ да се прогласи за геноциден.

Со вториот амандман суштински дополнително се афирмира постоењето на Република Српска во рамки н БиХ, што е гарантирано со Дејтонскиот договор, имајќи предвид дека од одделни бошњачки функционери можеа да се слушнат изјави насочени против РС, наведува РТЦГ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ