сабота, 27 јули 2024

Црна Гора на Јужна Кореја ќе ѝ го предаде До Квон, јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“

Црна Гора ќе го екстрадира „кралот на криптовалутите“ До Квон на Јужна Кореја, одлучи суд во Подгорица. Како што јавува подгоричкиот портал Вијести, претходно апелацискиот суд го поништи решението на вишиот суд со кое До Квон требаше да се екстрадира во Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во јуни минатата година 32-годишниот До Квон и неговиот бизнис партнер Хон Чанд Јун беа осудени во Црна Гора на по четири месеци затвор поради фалсификување пасоши. Во казната им беше пресметано и времето поминато во притвор, каде се наоѓаа од 23 март 2023.

Судијката Ивана Бециќ минатата година за време на изрекувањето на пресудата кажа дека До Квон и Хон Чанд Јун се виновни бидејќи на 23 март 2023 година во Подгорица пред да се качат на лет за Дубаи свесни за своето дело употребиле лажни документи, пасоши на Костарика, како и лични карти наводно издадени од Белгија.

Судот им одредил безбедносна мерка – одземање на лажните документи, а одредено им е дека мора да ги платат судските трошоци, секој по 100 евра.

До Квон објаснил дека преку пријател дошол до агенција во Сингапур која се бави со изработка на „златни“ пасоши. Второобвинетиот Чанд Јун навел дека со пасошот дошол преку До Квон, што тој го потврдил и барал само тој да биде казнет.

До Квон американските и јужнокорејските власти го сомничат за измама на пазарот на криптовалути тешка повеќе од 40 милијарди долари, а беше уапсен пред неколку месеци со својот пријател при обид да ја напуштат Црна Гора.

Јужнокорејскиот обвинител кој ја води истрагата за пропаднатиот криптопроект Тера-Луна, соопшти дека основачот на таа компанија До Квон треба да биде екстрадиран на Сеул за судење. И Јужна Кореја и САД побараа негова екстрадиција за да го соочат со обвиненијата во врска со колапсот на неговата криптоимперија, вредна 40 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ