четврток, 26 декември 2024

Црна Гора испраќа војници за помош на Украина

Претседателот на собранието на Црна Гора Андрија Мандиќ изјави дека војската на Црна Гора ќе учествува во помошта на украинската војска, и дека тоа немало да се случи доколку тој не го одобрил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако прашањето за учеството на Црна Гира во мисијата на Европската Унија за обука на украински војници беше актуелизирано во медиумите бидејќи со формалната одлука се доцни два месеци, Мандиќ ја објасни таа ситуација.

Тој, одговарајќи на прашањето на пратеникот на Андрија Николиќ кажа дека одлуката за помошта на војската на Црна Гора ќе биде одобрена.

„Зошто ја опструирате поддршката на украинските сили за безбедност?“, го праша Николиќ Мандиќ.

Мандиќ кажа дека јавноста мора да знае дека таа помош се состои во мисија во која двајца претставници на војската на Црна Гора би обучувале украински војници и офицери.

„Тоа секако ќе биде на дневниот ред на собранието, но јас размислувајќи за тоа колку руски и украински војници гинат не би ја преценил моќта на малата Црна Гора и тие два наши мали офицери кои ќе отидат во мисија да обучуваат на територијата на ЕУ. Одлуката ја донесе советот за одбрана и безбедност, и не би била донесена доколку јас не се согласив“, кажа Мандиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ