среда, 29 мај 2024

Црн лебед на Марица

Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Марица (Еврос) наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

„Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед“, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ