четврток, 23 мај 2024

Цивилната одбрана на Газа: Во масовна гробница најдени речиси 400 тела, меѓу нив и деца

Властите во Газа го завршиле пребарувањето на масовните гробници во болницата на југот на енклавата и објавија дека ископале 392 тела. Функционер на Палестинската цивилна одбрана кажа дека се идентификувани 165 тела закопани во комплексот на болницата Насер во Кан Јунис по повлекувањето на израелските сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Допрва треба да се утврди идентитетот на преостанатите 227 тела. Најдовме три масовни гробници, една пред мртовечницата, друга зад неа, а трета северно од зградата за дијализа“, кажа Мохамед ал Мигајер. Израелските одбранбени сили негираат дека нивните војни ги ставале телата во масовни гробници и тврдат дека грбовите во комплексот Насер ги ископале Палестинците во Газа пред неколку месеци.

Ал Мигајер наведува дека во масовните гробници се најдени тела на деца, што докажува дека станува збор за геноцид. Палестинските власти сметаат дека најмалку 20 цивили биле живи закопани, но не наведоа детали. Ал Мигајер тврди дека се погубени и некои пациенти на болницата и дека нивните тела биле најдени со прострелни рани на главите.

ИДФ на социјалната мрежа Икс сподели линк до изјавата на својот меѓународен портпарол Надав Шошани, кој ја коментираше снимката од Палестинците кои ја откопуваат масовната гробница.

„Кружат дезинформации во врска со масовната гробница о болницата Насер. Гробовите ги ископале во Газа пред неколку месеци. Тоа го потврдуваат снимките кои во тоа време на социјалните мрежи ги објавиле жителите на Газа“, кажа Шошани.

„Секој обид Израел да се обвини за закопување цивили во масовни гробници е лага. Тоа е пример за кампања за дезинформирање чија цел е делегитимација на Израел“, додаде тој.

„Чувствуваме потреба да кренеме тревога бидејќи се откриени многу тела“, изјави Равина Шамдасани, портпаролката на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Таа телата ги опиша како „закопани длабоко во земјата и покриени со отпад“, додавајќи дека меѓу мртвите имало постари лица, жени и ранети“, вклучувајќи некои кои биле врзани и без облека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ