петок, 18 октомври 2024

Цистерните на Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони опасен отпад од езерото Младост (ВИДЕО)

Фирмите Брако и Фероинвест се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост откако медиумите објавија дека езерото е загадено со биолошкиот отпад кој се заканува да предизвика биолошка катастрофа на живиот свет во езерото.

Објавено на

часот

Сподели

По пишувањата на медиумите сопствениците на Брако и Фероинвест/Централ Инвест, кои имаат сопственост и во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино, општина Лозово, испратија цистерна за собирање на штетните материи од биолошкиот отпад кои се наоѓа на површината на велешкото езеро Младост и нејзино пренесување во биогасната електрана за таму да се истури во таканаречениот дигестор на електраната каде се собира органски отпад, измет и силажа, а од кои материи во биотехнолошки процес понатаму се издвојува биогас.

,,Нашите инженери во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино утврдија дека штетната материја која го загадува велешко езеро може да биде употребена во процесот на производство на биогас. Но, не можеме веднаш и цела материја да ја собереме и употребиме, бидејќи таа е веќе полна со бактерии, врие и е активна. Ако во системот на електраната одеднаш се стави преголема количина тоа ќе направи проблем. Мораме да ја почитуваме технологија на производство на биогасот и соодносот на материи, кои мора да бидат дозирани за да биде производството безбедно, бидејќи станува збор за производство и насобирање гас кој гори“, појаснуваат од групацијата Феро Инвест.

Вклучувањето во чистењето на велешкото езеро Младост, велат од компаниите, кое е значајно оддалечено од биогасната електрана, за нив претставува општествена одговорност.

„Ние собираме отпад од блиските фарми околу електраната, бидејќи не е исплатливо да се носи суровина од подалеку, но превозот и сите издатоци за оваа акција за нас претставуваат помош за Велес, за граѓаните и за заштита на околината и водата во езерото, а ние и понатаму ќе продолжиме да помагаме. Треба и да се знае дека откако ваквите материи ќе поминат низ технолошкиот процес во биогасната електрана и производството на електрична енергија, на крај како нус продукт излегува земјоделско ѓубриво и хумус, така што штетната материја која денес го загадува езерото ќе биде неутрализирана во еден затворен процес со нула отпад. Овој пример најдобро го покажува значењето на биогасните електрани во една економија, како производители на чиста електрична енергија и чистачи на отпадот, и се класичен пример на циркуларна економија“, велат од прес службата на компанијата Феро Инвест и сопственикот Кочо Анѓушев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ