петок, 25 октомври 2024
Време

Циклонот „Борис“ од средна Европа стигна во Хрватска и Србија, нема опасност за Македонија

Циклонот „Борис“ веќе предизвика големи поплави и штети во државите на средна Европа, а циклонот стигна и до Хрватска. Во Романија, Италија, Полска, Чешка, Словачка и Австрија вчера и денеска имаше големо невреме, силни ветришта, излеани реки, поплави…

Објавено на

часот

Сподели

Во Србија веќе има предупредување за доаѓање на циклонот „Борис“, со прогноза дека најмногу ќе биде зафатена Војводина, но ветриштата ќе бидат со намален интензитет.

Циклонот „Борис“ веќе ќе биде ослабен кога ќе влезе во Србија, а се очекува потоа да продолжи кон исток. Еден послаб крак ќе дојде и во Црна Гора и Албанија.

Македонските метеоролози велат дека и утре ќе имаме ветровито време од југозападен правец, а повремени врнежи од дожд ќе имаме во западните и северните делови. Циклонот е веќе на североистокот од нас и кај нас предизвикува спуштање на утринските и дневните температури. Утре и задутре, особено во западните и северозападните делови на Македонија ќе имаме ниски утрински температури од 6 до 13 Целзиусови степени, а дневните во тој дел од земјата ќе се движат од 15 до 23 степени. Веќе од вторник и среда температурите ќе се покачат, а од четврток следната работна недела се очекува нов бран на поинтензивни врнеж од дожд, прогнозираат од УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ