сабота, 27 јули 2024
Централната изборна комисија

ЦИК: Излезноста на претседателските избори во Русија надмина 55 отсто, се гласа и утре

Излезноста на претседателските избори во Русија на вториот ден од гласањето надмина 55 отсто, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено на веб-страницата на ЦИК, до 20:19 часот по московско време на избирачките места излегле 55,1 отсто од гласачите, пренесува РИА новости.

На изборите во 2018 година, кога гласањето траеше еден ден, излезноста до 10 часот по московско време беше 16,55 отсто, до 12 часот 34,72 отсто, а до 17 часот 51,9 отсто, а на крај излезноста надмина 67 отсто. Претседателските избори во Русија почнаа во петокот, а гласањето завршува утре.

За претседателската функција се борат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и актуелниот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател – кој дојде на власт во 1999 година и никогаш не учествувал во ниту една изборна дебата – има за цел да го надмине својот резултат на последните избори во 2018 година, кога официјално освои рекордни 77 отсто од гласовите, напиша Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ