сабота, 27 јули 2024

Циципас оди во финале, Синер може да биде бесен на судиите (ВИДЕО)

Стефанос Циципас ќе игра во финалето на турнирот во Монте Карло откако со 2-1 во сетови го победи Јаник Синер, мечот го одбележа и голема судиска грешка.

Објавено на

часот

Сподели

Циципас подобро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-4, во вториот сет Синер возврати, беше подобар со 6-3 и изедначи на 1-1.

Во третиот решавачки сет, Синер со еден освоен брејк имаше водство од 3-1 и гејм топка за 4-1. Циципас сервираше, имаше една сервис грешка, со вториот сервис направи аут кој не го видоа судиите иако беше прилично голем. Италијанецот не доби поен, гејмот потоа му припадна на Гркот кој намали на 3-2.

Во продолжението од сетот Циципас освои четири гејма, Синер само еден и грчкиот тенисер го доби гејмот со 6-4 и мечот со 2-1.

Циципас во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Каспер Руд.

Видеото од спорниот момент можете да го видите ТУКА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ