сабота, 27 јули 2024
Доделени наградите од главната вечер на Струмичкиот карневал

Цицимов: Сите се победници на карневалот кој е струмичко чудо

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал вечерва им ги додели наградите на најдобрите маски кои учествуваа на Главната карневалска вечер што се одржа во саботата. Покрај наградите, на сите учесници им беа доделени плакети по повод 30 годишното членство на Струмичкиот карневал во Федерацијата на карневалски градови на Европа (ФЕЦЦ).

Објавено на

часот

Сподели

Струмичката гимназија Јане Сандански, која на почетокот на карневалските празнувања организираше изложба на нивните маски од досегашните учества на Карневалот, доби медал од ФЕЦЦ.

Според претседателот на Струмичкиот карневалот, Александар Цицимов, сите учесници се победници на годинашниот карневал, односно победник е Струмичкиот карневал, кој пред многубројните гости покажа дека „навистина е струмичко чудо“.

Осумдневните карневалски празнувања завршуваат утре со организирање на традиционалниот Тримерски ручек по повод празникот на верените девојки и враќање на клучот на градот од страна на карневалистите на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ