вторник, 22 октомври 2024

ЦИА: Терористите на концертот на Тејлор Свифт во Виена сакале да убијат десетици илјади луѓе

Осомничените за планирањето на нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена планирале да убијат десетици илјади луѓе, кажа заменик директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Дејвид Коен се осврна не неуспешниот терористички заговор за време на националниот разузнавачки и безбедносен самит овој викенд во Мериленд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Планирале на тој концерт да убијат огромен број луѓе, десетици илјади, меѓу кои сигурно би имало многу Американци. Имале детален план“, кажа вчера Коен. „Австријците успеаја да ги уапсат бидејќи ЦИА и нашите разузнавачки партнери им даваа информации за тоа што планира оваа група поврзана со Исламска држава“.

Австриските власти наведуваат дека главниот осомничен, 19-годишниот Австриец, (чии родители се по потекло од Македонија, н.з.) бил инспириран од ИСИС. Наводно планирал да спроведе напад со нож или експлозив надвор од стадионот, каде требало да се соберат 30.000 луѓе. Во самиот стадион требало да има уште 65.000 посетители.

Истражителите по претресот на куќата на осомничениот нашле хемикалии и уреди со кои планирал да го изврши нападот.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер кажа дека им била потребна помош од други разузнавачки агенции бидејќи австриските истражители, за разлика од големите странски служби, не можат легално да следат текстуални пораки.

Адвокатот на 19-годишникот пак тврди дека обвинувањата се претерани и дека австриските служби го напумпале случајот за да добијат нови надзорни овластувања. Главниот осомничен и 17-годишник се приведени на 6 август, ден пред да биде објавено дека концертот ќе биде откажан. Третиот осомничен, 18-годишник, е уапсен на 8 август. Нивните имиња не се објавени поради австриските закони за приватност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ