сабота, 27 јули 2024

ЦИА предупредува дека Иран ќе го нападне Израел во рок од 48 часа

ЦИА предупредува дека Иран ќе го нападне Израел во рок од 48 часа како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел неделава уби двајца ирански воени команданти во напад на конзулатот во главниот град на Сирија, а Иран вети дека ќе се одмазди за нападот.

Иран наводно планира комбиниран напад со „дожд“ од дронови и проектили испукани од неговите бази на стратегиски локации во Израел.

Американските власти веќе изразија стравувања дека израелскиот напад во Дамаск може да доведе до поширока војна на Блискиот Исток.

Поранешниот функционер на ЦИА Ралф Гоф кој дејствувал на Блискиот Исток кажа дека израелскиот напад бил „непромислен“ и додаде дека „тоа ќе резултира со ескалација на Иран и неговите застапници“.

Во изјава за Њујорк тајмс, тој додаде дека Израел се обидува да удри на Иранската револуционерна гарда за да ја „казни за тековните заговори за убиства или киднапирања на израелски Евреи низ светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ