Барнли и Шалке си подале рака, а според „Билд“, Чурлинов го поминал и првиот дел од медицинските тестови.
Наскоро трансферот и официјално треба да биде соопштен.
Чурлинов во Шалке оди на шестмесечна позајмица со опција целосно да биде откупен за 2,5 милиони евра.
На Шалке оваа сезона не му цветаат рози, се наоѓа при дното во втората Бундеслига, две места над позициите кои водат кон ранг подолу.