Дарко Чурлинов оди на нова позајмица, Македонецот попладнево беше потврден како нов фудбалери на Јагелонија.
Станува збор за актуелниот шампион на Полска, кој одлични ја отвори новата сезона во Екстракласа со три победи.
Јагелонија исто така беше сигурна со две победи и на стартот во квалификациите во Лигата на шампиони, каде вечерва ги чека првиот натпревар против Бодо/Глимт во третото коло.
„Многу сум среќен, со нетрпение чекам да почнам да работам и да дадам допринос кон остварување на зацртаните цели. Ме привлече тоа што Јагелонија ќе игра во Европа, плус луѓето од клубот покажаа голема почит и позитивен став кон мене, па затоа прифатив трансфер тука“ – вели Македонецот за новата авантура.
View this post on Instagram